Search

Излечете ги децата од кашлицата само со 2 состојки

Излечете ги децата од кашлицата само со 2 состојки

Во текот на пролетните месеци, од настинки и кашлици никој не е поштеден, а најмалку дечињата.

Детската кашлица е еден од најчестите проблеми на родителите, а решението не се крие во скапите сирупи, туку во народниот лек од 2 состојки.

Потребно ви е:

Мед, по можност домашен
Црна ротквица

Постапка:

Издлабете ја средината на ротквицата и ставете го медот. Водете сметка дека ротквицата ќе пушти сок, па не ја полнете до горе. Оставете ја на чинија или широка шолја преку ноќ на собна температура. Добиениот сируп прецедете го во шолја.

Може да го давате на децата на 1-2 часа во текот на денот или кога ќе забележите напад на кашлица. Консумирањето пред спиење исто така е препорачливо.

Бидејќи состојките се целосно природни, нема никакви нуспојави.

Треба да знаете
Последни објави