Search

Зошто детето на Меган и Хари нема да биде принц или принцеза?

Кенсингтонската палата утрово ја потврди веста дека принцот Хари и Меган Маркл на пролет за првпат ќе станат родители. Веќе се шпекулира околу името и полот на бебето, но и околу титулата што детето ќе ја добие.

Бебето ќе биде седмо по ред за британскиот престол, нема да се роди како принц или принцеза.Според правилото воведено од кралицата Елизабета, принцови и принцези се децата и внуците на монархот, односно децата на најстариот принц на Велс. Во овој случај тоа е принцот Чарлс. Правилото е воведено во 1960 година и единствено ќерките и синовите на најстариот син на принцот од Велс ја добиваат таа титула, додека останатите ја немаат.

Синот на Меган и Хари може да ја добие титулата гроф или лорд, додека ако е девојче ќе биде лејди. Бебето може да се роди како принц или принцеза ако кралицата во последен час го промени правилото или ако почине до раѓање на детето и Чарлс стане крал.

Треба да знаете
Последни објави