Search

За 1000 денари го откупив чадорот со кој ме тепаа во Собранието,сведочи Манчевски

Видов лице со оружје од групата луѓе кои упаднаа во прес салата во Собранието на 27 април 2017, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во својство на сведок во Кривичниот суд каде се одржува рочиште за насилствата во Собранието.

Тој повеќе од еден час на прашања на обвинителката сведочеше како толпата влегла во прес салата.

„Лицето со оружје се издвојуваше од другите, беше помирен не викаше, не скандираше, имаше фокусиран поглед кон Заев. Не го извади целосно оружјето, но посегнуваше по него повеќе пати“, рече Манчевски.

Тој сведочеше дека насилниците фрлале со предмети, сталаци, мебел, тастарури, а подоцна со кабли се обидувале да ги фатат за да ги обесат пратениците кои во тој момент биле во прес салата.

Манчевски бил удиран и со чадор, кој како што рече, го откупил за 1000 денари од човекот кој го удирал. Манчевски раскажуваше и за заканите кој тој лично ги добил за неговите деца.

„Доколку функционираше системот на обезбедување, таа група луѓе немаше да влезе, потенцира Манчевски, кој тогаш беше пратеник во Собранието.

На денешното судско рочиште треба да сведочат и пратениците Павле Богоевски, Фросина Ременски и Илија Николовски.

Треба да знаете
Последни објави