Search

За викендов 24 сообраќајки во Скопје

За викендов 24 сообраќајки во Скопје

Тринаесет лица биле полесно повредени во 10 од вкупно 24 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 14 сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триста и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, како и 18 возачи за не користење на заштитен шлем. Санкционирани биле и 10 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и шест пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 146 непрописно паркирани возила.

Од сообраќај биле исклучени пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 42 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, 12 возачи почетници, како и 40 нерегистрирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 103 возила.

Треба да знаете
Последни објави