Search

Заев: Пратеници да кажеме „да“ на можноста пред нас

Пратеници, да кажеме „да“ на можноста пред нас, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на неговиот фејсбук-профил.

Тој додаде дека историјата ги памети правилните одлуки.

Премиерот се обрати до пратениците и преку неговиот твитер-профил, од каде, пак, порача дека сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните.

„Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор“, напиша Заев.

Утре ќе продолжи седницата на која најверојатно ќе се гласа за уставните измени. Претходно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се откажа од правото на дискусија и повика на гласање по предлогот на Владата за уставни измени.

Треба да знаете
Последни објави