Search

Заев: Ако имаме видливо огромно мнозинство „За“ тогаш јасна е иднината

Заев: Ако имаме видливо огромно мнозинство „За“ тогаш јасна е иднината

Македонија и граѓаните покажаа дека се дел од семејството на европски држави и народи. Успехот е заеднички на сите без разлика на организираниот бојкот од страна на ВМРО -ДПМНЕ. Очекувам дека огромното мнозинство од граѓаните се изјаснија „За“, изјави вечерва премиерот Зоран Заев.

– Сега гласањето на граѓаните треба да се претвори во политичка активност во законодавниот дом. Ако имаме видливо огромно мнозинство „За“ тогаш јасна е иднината. Гласот на пратениците во Собранието треба да биде глас за да ги забрзаме процесите во НАТО. Очекувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат демократската одлука. Во спротивно ќе треба да употребиме друга демократска алатка а тоа значи предвремени парламентарни избори веднаш. Јас ќе продолжам да ја водам нашата земја напред и Македонија ќе биде членка на НАТО и на ЕУ – изјави вечерва Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија.

https://www.facebook.com/24info.mk/videos/2107602046147345/

 

Треба да знаете
Последни објави