Search

ЖЕНА ХЕРОЈ: Мајка уби вооружен натрапник пред училиште

Мајка уби вооружен натрапник пред училиште

Неверојатна ситуација била регистрирана од страна на надзорните камери поставени пред училиште во бразилскиот град Сао Пауло.

Мајка којашто го чекала своето дете пред основно училиште во Сао Паоло, Бразил, уби натрапник кој со пиштол се обидел да ги ограби присутните деца и родители.

Жената херој, по име Катја да Силва Састре, била полицајка која во тој момент не била на должност. Кога напаѓачот и се доближил, таа го извадила својот службен пиштол и пукала трипати во него.

Напаѓачот е идентификуван како Еливелтон Мореира (21). Откако бил совладан, тој бил пренесен в болница, каде што и починал.

Сето тоа се случувало по забава во училиштето, по повод Денот на мајката.

Гувернерот на Сао Паоло, Марсио Франча ја награди храбрата мајка со орден на храброст.

 

https://www.youtube.com/watch?v=s28e0evpN5Y

 

Треба да знаете
Последни објави