Search

Жена тврди дека Роналдо ја силувал:”Ме замоли 30 секунди да му го допирам пенисот”

Адвокатот Лесли Стовал кој ја застапува учителката Кетрин Мајорга, жената која го обвини Кристијано Роналдо дека ја силувал, рекол дека им се јавила уште една жена која тврди дека фудбалерот ја силувал.

“Ми се јави жената која тврди дека го преживеа истото искуство”, рекол Стовал, одбивајќи да го наведе името на непознатата Американка, но истакна дека нејзините податоци ќе ги даде полицијата во Лас Вегас која неодамна повторно отвори истрагата покрената во 2009 година, кога Мајорга пријави силување.

Роналдо ги демантираше овие обвиненија, опишувајќи ги како “лажни вести”

“Силувањето е ужасно злосторство кое е спротивно на она што сум јас и во што верувам” дека адвокатите на Мајорга ќе ја испитаат поранешната девојка Џема Аткинсон, со која беше во врска во 2009 година, но дека нема причина за сомнеж дека ја нападна и неа или било која друга девојка, помеѓу кои Ким Кардашијан, Парис Хилтон и Ирина Шајк.

“Сакам да разговарам со сите девојки кои интимно го познавале. Ќе дојдам и во Велика Британија ако е потребно”, рекол Стовал.

Поради овие обвиненија реагираа и неговите спонзори, помеѓу  кој со Роналдо потпиша доживотен договор вреден милијарда долари.

Мајорга тврди дека Роналдо го запознала во ноќен клуб во Лас Вегас во 2009 година, а после ја повикал во својот пентхаус во хотел,каде ја силувал. Сексуалниот напад го пријавила во полиција, но истрагата беше прекината, а една година подоцна од Роналдо добила 375.000 долари за молчење. Нејзините адвокати сега бараат таа спогодба да се отфрли, бидејќи таа наводно била присилена на неа.

Документите кои неодамна протекоа откриваат дека Роналдо го признал силувањето, откривајќи дека Мајорга му рекла “не” и “престани” неколку пати.

Таа тврди дека Роналдо го запознала во ВИП делот во еден ноќен клуб во Лас Вегас откако ѝ пришол и ѝ понудил пијалак. Му го дала телефонскиот број, а подоцна таа и пријателката се нашле со него и неговите пријатели во дворот на хотел.Сите отишле во апартманот на Роналдо и се капеле во џакузито, а таа отишла да се пресоблече во тоалетот, а Роналдо отишол по неа.

“Ме замоли 30 секунди да му го допирам пенисот. Кога реков не, ме замоли да го ставам во уста. Каков идиот! Му се смеев, бидејќи сметав дека е шега. Тој човек кој е толку познат и толку згоден е всушност лудак и перверзњак”, вели Мајорга.

Роналдо наводно не се откажувал, ѝ рекол дека ќе му дозволи да го бакне, на што таа му рекла дека ќе го бакне, но нема да го допре неговиот пенис, а потоа започнал да ја допира.

“Се свртев, а тој се обидуваше да ми ја соблече долната облека. Повторно се свртев и ја покривав мојата вагина. Тогаш скокна на мене”, вели девојката која тврди дека анално ја силувал без кондоми и лубриканти.

Кетрин после тоа се обратила кај полицијата, а нешто подоцна бил испитуван и Роналдо кој тврди дека сексот бил груб, но дека не побарала помош. Тие се спогодиле, тој ѝ исплатил пари, но таа сега одлучила да излезе во јавноста, бидејќи смета дека нејзиното молчење е непроценливо.

Британските медиуми потсетуваат дека фудбалерот и во 2005 година бил под исти обвиненија. Тогаш како 20 годишник бил уапсен и испитуван, бидејќи една девојка од Франција го обвини за силување во хотел во Лондон.

Седум недели подоцна судот одлучи дека нема доволно докази за покренување на тужба, но уште една жена тврдела дека Португалецот сексуално ја злоставувал неа и нејзината братучeдка во истата ноќ, но подоцна тужбата беше повлечена.

Треба да знаете
Последни објави