Search

Жена измамила скопјанка – ѝ побарала злато за да ѝ тргне црна магија

Жена измамила скопјанка – ѝ побарала злато за да ѝ тргне црна магија

Вчера В.С.(29) од Скопје пријавила дека истиот ден во 12:40 часот била измамена од страна на непознато женско лице.

Откако лицето дошло во нејзиниот двор со намера да и продаде женска гардероба на пријавителката, почнала да и зборува во врска со животот на В.С. дека некој и направил лоши работи и доколку сака истата може да ги отстрани.

Откако пријавителката од дома донела разновиден златен накит, непознатата жена го ставила во чинија со вода и потоа и рекла дека ќе мора накитот да го однесе до црква, а потоа ќе и го врати.

Непознатата жена го земала накитот и го напуштила местото на настанот и не се вратила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави