Search

Ердоган со убедлива победа и во Скопје се слави

Ердоган со убедлива победа и во Скопје се слави

По преброени 96 проценти од гласовите, според првичните резултати од претседартелските избори во Турција, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган останува на власт и во следните 5 години.

Тој во првиот круг од изборите што се одржаа денеска освои 53 отсто од гласовите, додека неговиот главен ривал Мухарем Инче 31 отсто од гласовите, јавија локалните медиуми.

Партија на правдата и развојот на Ердоган на парламентарните избори што се одржуваат заедно со претседателските, од обработени од околу 88%, освоила 43 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати. Излезноста на овие вонредни избори е 86,82 отсто, јави државната телевизија ТРТ.

Нејзиниот сојузник, Партијата за национално движење (МХП) добила 11,52 отсто од гласовите, додека главната опозициска партија Народна републиканска партија – 22 отсто.

Опозицијата предупреди уште во текот на гласањето за изборни нерегуларности, додека Изборната комисија рече дека се преземни административни и кривични процедури.

Прокурдската Народна демократска партија освоила 10, 28% со што го мина цензусот од 10% за влез во Парламентот.

Одѕивот на 56 те милиони гласачи на претседателските избори бил 86,82 отсто, додека на парламентарните 87%, јави државната телевизија ТРТ.

Во согласност со законските измени, турскиот Парламент во иднина ќе има 600, наместо 550 пратеници.

Претседателот и пратениците се бираат со мандат од 5 години.

Овие избори требаше да се одржат во ноември 2019 година, но Ердоган ги свика пред време, во обид да освои втор претседателски мандат, но според новиот претседателски систем што беше изгласан на референдумот во јули лани.

Ердоган во Турција е на власт речиси 16 години. Пред да стане претседател во 2014, тој 11 години беше премиер на Турција.

Треба да знаете
Последни објави