Search

Епидемија од птичји грип во Бугарија

Бугарската агенција за безбедност на храната соопштила дека на фарма за пати во селото Стефаново на североисток од земјата забележана била епидемија од птичји грип.

Веќе започнало убивање на животните, за да не дојде до ширење на болеста, како идека околу фармата била воспоставена заштитна зона од три лилометри.

Тоа е втора епиденија на птичји грип ово истото село од октомври, кога биле убиени 10000 патки.

Засега не е јасно кој вид на птичји грип е во прашање, бидејќи во Бугарија од декември се забележани неколку епидемии на оваа болест.

Во некои случаи е откриено исклучително патогениот вид на птичјиот вирус Х5Н8.

Треба да знаете
Последни објави