Search

Енрике: Модриќ не е најдобар на светот

Модриќ е меѓу тројцата кандидати во трката за признанието најдобар фудбалер на светот, но селекторот на Шпанија, Луис Енрике смета дека Хрватот не ја заслужува таа награда, затоа што не е најдобар.

„Ако зборуваме за Хрватска, тогаш ќе зборуваме за Модриќ и Ракитиќ, но ако ме прашате кој е најдобар фудбалер на светот, тогаш тоа е Меси, а не Модриќ“, изјави Енрике кој што му беше тренер на Аргентинецот во Барселона.

За репрезентацијата на Хрватска, која што е вицешампион на неодамна завршеното Светско првенство во Русија, Енрике има многу позитивно мислење.

„Очекував да бидат добри на Светското првенство. Нивните играчи се многу квалитетни, се бранат и напаѓаат како тим и играчите се жртвуваат на теренот. Меѓутоа, наше е да одиме на победа“, изјави Енрике во пресрет на вечерашниот натпревар.

Треба да знаете
Последни објави