Search

Египет спремен да ризикува со здравјето на Мохамед Салах

По поразот од Уругвај во првото коло од натпреварите по групи на Светското првенство, селекторот на Египет е спремен да преземе ризик и да го стартува непотполно заздравениот Мохамед Салах, кој и понатаму се опоравува од повредата со која се здоби во финалето од Лигата на шампионите.

 

Талисманот на Египет, Мохамед Салах, е најголемата надеж дека оваа репрезентација би можела да ја мине групната фаза и да се пласира во нокаут-разигрувањето.

На мечот против Уругвај останатите играчи покажаа дека не можат да бидат вистинска закана за голот на противникот, па затоа селекторот Хектор Купер рече дека во натпреварот со Русија, Салах ќе биде во стартниот состав и покрај неговата повреда.

„Кога тој не е во тимот, се чувствува неговото отсуство. Никој не може да негира дека тој е најважниот играч во составот, со должна почит кон останатите играчи. Мора да најдеме алтернативи во нападот и да бидеме оптимисти дека тој ќе биде подготвен за настап“, изјави Хектор Купер.

Мохамед Салах денеска ќе присуствува на уште еден медицински тест за да се провери неговата подготвеност за натпревари, откако тој не покажа добри резултати на последниот таков тест кој се одржа пред натпреварот со Уругвај.

Во случај на позитивни резултати, скоро сигурно ќе стартува бидејќи Египет мора да ја гледа шансата за излез од групите во натпреварот со Русија. Во случај на победа, се отвора шансата за Египет да оди во нокаут фазата доколку победи во натпреварот со Саудиска Арабија.

Треба да знаете
Последни објави