Search

Дрвокрадец од Љуботен опустошил букова шума

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 38-годишник од село Љуботен, поради постоење сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „пустошење на шуми“.

Како што информираат од МВР, на 14. август годинава околу 21.30 часот на земјен пат на местото викано „Башинец“, кон село Љубанци, при контрола на камион управуван од пријавениот, полициски службеници пронашле букови огревни дрва, без соодветна документација.

Следниот ден на истото место полициски службеници и овластени службени лица од шумска полиција констатирале дека била извршена противправна сеча на букова дрвна маса од околу 10,14 метри кубни.

Треба да знаете
Последни објави