Search

Договорот за промена на името може да биде ратификуван до крајот на денот

Комисијата за европски прашања во 15 часот треба да почне со разгледување на предлог-законот за ратификација на договорот со Грција.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во работата на комисијата, со тоа времетраењето на седницата ќе биде скратено, а договорот може да биде ратификуван до крајот на денот.

Потребата за донесување на предлог-законот за ратификација на договорот за името со Грција беше изгласана со 69 гласа „за“ и 40 „против“. За време на гласањето против потребата за донесување на предлог-законот за ратификација на договорот беше пратеникот Ферид Мухиќ, кој е дел од владејачкото мнозинство, со образложение дека тој е против каков било договор за името.

Треба да знаете
Последни објави