Search

Димовски побара одложување на „Титаник“ поради обврски во Собранието

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и обвинет во случајот „Титаник“, Илија Димовски побара денешното рочиште да биде одложено поради неодложни обврски во Собранието.

Судечкиот совет одлучи рочиштето да трае до 11.45 часот.

Во кривичниот суд во Скопје утрово продолжи судењето за предметот „Титаник” каде ќе бидат пуштени дел од необјавени телефонски разговори за изборни измами. Во предметот обвинети се 21 лице, меѓу кои, поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Треба да знаете
Последни објави