Search

,,Детска Олимпијада,, за дечињата од градинките во Општина Бутел

,,Детска Олимпијада,, за дечињата од градинките во Општина Бутел

Денес во спортскиот балон до ЈУ Детска градинка ,,11 Октомври,, и ОУ ,,Петар Здравковски Пенко,, во Скопје Север, ќе се одржи ,,Детска Олимпијада,, за дечињата од градинката.

Овие детски спортски игри ќе се оджат по повод ,,Неделата на детето,, но и во пресрет на патрониот празник на градинката ,,11 Октомври,,.

Од Општина Бутел информираат дека на спортската олимпијада учество ќе земат над 200 дечиња од сите 6 објекти  на градинката ,,11 Октомври,,. Дечињата ќе се натпреваруваат во шест екипни спортски игри, а за најдобрите ќе има и златни медаљи. Децата ќе имаат подршка од повеќе млади спортисти кои биле згрижени и растени во градинката ,,11 Октомври,, како што се Ана Јаневска – младинска рекордерка на Мекедонија во пливање, Кристијан Гурмишевиќ – македонски младински ракометен репрезентативец и др.

Од Бутел додаваат дека покровител на оваа манифестација е градоначалникот Велимир Смилевски кој ќе ги поздрави дечињата, ќе им посака добри резултати, секогаш да го сакаат спортот и да ги следат успесите на присутните младински спортски репрезентативци, кои се веќе гордост на Општина Бутел.

Треба да знаете
Последни објави