Search

Денот ќе трае подолго – се поместуваат стрелките на часовникот

Еден час назад утрото меѓу сабота и недела на 27 и 28 октомври стрелките на часовникот можеби за последен пат ќе се вратат наназад.

Во недела на 28 октомври, во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час подолго.

Но со оглед на најавата на Европската Комисија дека ќе предложи укинување на зимското сметање на времето, овогодинешната промена можеби ќе биде последна со оглед на тоа што предлогот е времето секогаш да остане во летниот мод.

Над 80% од анкетираните граѓани на земјите на ЕУ се согласиле да не се менува времето два пати годишно, односно во последниот викенд од октомври и последниот викенд во март.

Треба да знаете
Последни објави