Search

Денес почнува новата учебна година

Денес почнува новата учебна година

Почеток на новата учебна година, радост на сите страни, книжарниците преполни, родителите и нивните деца ги прават и последните подготовки за новата учебна година.

Најмладите кои што ќе го започнат своето образовно патешествие и оние кои што ќе го продолжат најсреќни. Велат едвај чекаат да го слушнат првото училишно ѕнонче и да се видат со своите другари.

Родителите пак велат цените за потребниот училишен материјал се пристапни најголемите дилеми велат родителите се поставуваат при изборот на ранецот.

Во зависност од изборот на децата најмногу што можат да потрошат е од 25 до 40 евра за основниот училишен материјал бидејќи како што велат  од Просветно Дело учебниците им се бесплатни. Училишната ранци со различни ликови од цртаните филмови се движат од 300 денари па се до 1500 денари со анатомска подлога.

Таткото на град Скопје пак на ден пред новата учебна година  вели дека превозот за сите ученици во средните училишта на Град Скопје  ќе биде бесплатен и рече дека  во тек се реконструкции на фасадите на повеќе средни училишта на територијата на Град Скопје со пари обезбедени со пренамена на средставата од проектот „Скопје 2014“.

За најавениот бесплатен превоз на средношколците реагираат од опозициската ВМРО – ДПМНЕ кои велат дека истиот е обезбеден во времето на нивниот мандат а не на Шилегов. Општината Аеродром пак најави дека за првпат оваа година ќе  додели 3.500 денари за секој првоодделенец одвојувајќи над 45 илјади евра од сопствениот Буџет.

Треба да знаете
Последни објави