Search

Демолирал казино, па пред полицајци се заканил дека ќе активира бомба

Демолирал казино, па пред полицајци се заканил дека ќе активира бомба

Четириесет и пет годишниот П.К. од струшкото село Велешта вчера бил приведен пред казино лоцирано на улицата “Маршал Тито“ во Струга.

-Претходно, тој влегол во казиното и со закани од благајникот побарал пари, по што почнал да ги крши апаратите, шанкот и стаклата од влезната врата. Тој продолжил да се заканува и кон полициските службеници кои набрзо пристигнале на местото на настанот. Потоа фрлал и со предмети при што го оштетил предното стакло од полициското возило, информираат од МВР.

Во еден момент, П.К. ја ставил раката во торбата што ја имал и им се заканал на полициските службеници дека наводно ќе активира бомба. Тој набрзо бил совладан и лишен од слобода.

Треба да знаете
Последни објави