Search

Двотретинско мнозинство во Собрание или нови предвремени парламентарни избори

Двотретинско мнозинство во Собрание или нови предвремени парламентарни избори

Продолжуваат напорите за собирање гласови за двотретинско мнозинство во македонскиот Парламент потребно за усвојување на уставните измени во согласност со Договорот од Преспа и избегнување нови предвремени парламентарни избори. Власта не се откажува, а факт за тоа е и за денеска најавениот почеток на работата на Комисијата за уставни прашања која треба да го разгледува предлогот за пристапување кон уставни измени.

Притисокот за дополнителни гласови не се намалува, од една страна, а од друга, пак, ставовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ што се пласираат во јавноста остануваат исти дека референдумот покажал оти граѓаните не го прифаќаат Договорот од Преспа и дека тоа треба да биде почитувано од сите пратеници и функционери.

Пораките од меѓународната заедница се двотретинско мнозинство наместо нови избори за да се искористи оваа единствена шанса за отпочнување преговори со ЕУ и членство во НАТО.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека не може да потврди дали е постигнато двотретинско мнозинство за донесување на уставните измени кои се обврска од Договорот од Преспа, но изрази оптимизам дека низ инклузивна дебата, како што рече, ќе победи прогресивниот елемент.

– Тоа не може никој да го каже. Тоа може да се каже на моментот на одлучување, секако низ дебатата во Парламентот. Јас верувам и ќе видиме сите дали тоа мнозинство постои или не. Нема да дозволиме ништо да се упропасти. Ние разговаравме со многу пратеници, лично јас разговарав, а и пратеници со пратеници и видовме дека постои една убава прогресивна маса на пратеници која што е доволно сериозен мотив и причина да ги отвориме постапките како што тоа вчера Владата го направи, рече Заев. Очекувањата на премиерот се преку дебатата за уставните измени, како шќто рече, „да се создава атмосфера благопријатна за сите за да може да се формира тоа двотретинско мнозинство кое што би требало да се формира по природен пат“.

Тој додаде дека во тој контекст мора да ги отстрани, како што посочи, сите шпекулации што надвиснале над главите на многу пратеници за некакви пари, незгодни состојби…

– Апелирам до сите политички чинители, до сите учесници во процесот да се носат со нивото на историската одговорност која е исправена пред нас.

Повтори дека сите надежи ги полага во Парламентот, но како последна опција остануваат брзи предвремени избори.

– Јас сум оптимист и сум релаксиран. Македонија го живее времето убаво историско каде што граѓаните имаат можност и право да одлучуваат. Одлучија. Вчера Владата одлучи, а сега Парламентот ќе одлучува. Назад враќање нема затоа што нема друга алтернатива и опција од интеграцијата во ЕУ и НАТО, порача Заев кој учествуваше на дебатата насловена: „Мостови или ѕидови? Макаденија и Западниот Балкан во Европа“, организирана во рамки на Форумот за граѓанско општество Скопје 2018.

Уставните измени што ги предлага Владата содржат решенија кои кореспондираат со потпишаниот Договор со Грција  и со својата содржина одговараат на основните уставни начела и не се спротивни со нив, смета академик Владо Камбовски. Очекува пратениците во Собранието да решаваат, како што рече, не по наредба на нивните партиски шефови, туку врз основа на својата совест, знаења, предвидувања и поради интересите на државата.

Академикот очекува пратениците во Собранието да решаваат, како што рече, не по диктат и по наредба на нивните партиски шефови, туку врз основа на својата совест, знаења, предвидувања, а притоа со земање предвид на интересите на општеството во целина и на идните поколенија.

Порака вчера стаса и од германската канцеларка Ангела Меркел.

– Договорот од Преспа нуди историска шанса за Македонија и за зајакнување на добрососедските односи, нагласува германската канцеларка Ангела Меркел во писмото до македонскиот премиер Зоран Заев.

Во писмото се наведува дека на 30 септември огромно мнозинство од над 90 отсто од оние кои учествуваа на референдумот гласаа „за“ договорот со Грција и дека ова е шанса за историски договор и зајакнување на односите меѓу двете земји.

– Тој исто така ја отстранува клучната пречка за приближување на земјата кон ЕУ и НАТО. Сега е клучно да се преземат многу важни чекори за имплементација на договорот за името со усвојување на неопходните уставни амандмани. Ќе продолжам да соработувам со вас за остварување на оваа цел, наведува Меркел во писмото до Заев, објавено на веб страницата на германската Влада

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за австриски „Стандард“ вели дека е запознаен со закани од страна на опозицијата против пратеници кои сакаат да ја напуштат партиската линија и да го поддржат Договорот со Грција во Собранието. Тој од ВМРО-ДПМНЕ побара да се откаже од, како што вели, деструктивниот пристап, и интересите на земјата и граѓаните да ги стави пред партиските. Додава дека партијата целосно ќе ја сноси одговорноста за затворањето на вратите на ЕУ за Македонија, ако не помине Договорот.

Тој потсетува дека евроатлантската интеграција е декларирана цел на ВМРО-ДПМНЕ, но дека партијата тоа треба да го докаже на дело и дека Договорот со Грција ги отвора токму вратите за интеграција во ЕУ и НАТО.

Хан смета дека предвремени избори носат ризик од пробивање на поставените рокови за Договорот за името и вели дека се сомнева дали Грција ќе биде во можност да го усвои во својот Парламент. Тој додава и дека нови избори не се гаранција за потребното двотретинско мнозинство.

– Сега постои шанса што треба да се искористи, во спротивно оваа единствена шанса да помине Договорот и со тоа патот кон членство во ЕУ може да се изгуби за долго време, можеби засекогаш, изјави Хан.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосно одговорно за таквото сценарио и пропуштената шанса што е важна не само за Македонија, туку и за целиот регион.

Договорот од Преспа за Јанис Армаколас од ЕЛИАМЕП, добар познавач на приликите на Балканот, е основата за пријателство меѓу двете земји. Тој е непопуларен до одреден степен во двете земји, но важен е не само за двете земји туку и за регионот, вели Армаколас.

На дебата насловена: „Мостови или ѕидови? Македонија и Западниот Балкан во Европа“, во Скопје, на која учествуваше како панелист заедно со премиерот Заев, тој рече дека очекува процесот околу имплементацијата на Договорот во Грција да се одвива „чувствително“ како и во Македонија, но оти е оптимист.

– Мора да сме искрени и ова е основата за пријателството во иднината. Договорот не е популарен во Грција и ќе биде подеднакво чувствително како што е и тука сега и во наредните неколку недели. Но, јас лично научив да бидам пооптимистичен низ тој процес на преговорите што се случуваше меѓу двете земји во изминатите две години, бидејќи нештата се случуваат, рече Армаколос.

Лидерот на опозициската Нова демократија Кирјакос Мицотакис вчера изјави дека грчкиот премиер Алексис Ципрас направи национална отстапка со македонскиот јазик и македонската националност, каква што ниедна претходна влада не беше подготвена да направи.

– Доколку разговараше со грчкиот народ ќе ги имаше слушнато неговата чувствителност, неговата загриженост, и немаше да продолжи кон потпишување на Договорот од Преспа. Ќе имаше сфатено дека отстапувањето македонски јазик и македонска националност на соседната земја претставува многу важна национална отстапка. Национална отстапка каква што не беше подготвена да направи ниту една претходна влада. А ја направи господинот Ципрас, рече лидерот на грчката опозициска партија, одговарајќи на новинарско прашање.

Мицотакис повтори дека Нова демократија, нема да го ратификува Договорот од Преспа ниту во сегашниот, ниту доколку остане за следниот парламен

Треба да знаете
Последни објави