Search

Двајца разбојници со пиштол ограбиле таксист

Двајца разбојници вооружени со пиштол ограбиле таксист и му одзеле 5.500 денари, вчера утрото во Скопје.

Според полицијата, разбојништвото се случило околу 8 часот, на булеварот Илинден. Двајцата разбојници се качиле во такси автомобилот, што го управувал Г.Н.(49) од Скопје и побарале такси услуга.

Потоа разбојниците му впериле пиштол и му се заканиле дека ќе пукаат ако не им ги даде парите.

Разбојниците ги зеле парите и избегале.

Полицијата ги бара разбојниците.

Треба да знаете
Последни објави