Search

Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност поради Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ за утре претпладне свика итна седница на Советот за национална безбедност на Србија, „поради состојбата на северно Косово“.

На седницата ќе се разговара за тоа „како да се заштитат српските интереси и народ во Косово, а ќе се разгледува и актуелната безбедносна ситуација.

Српските медиуми информираат дека поради информациите оти „во следните 48 часа може да се случи дестабилизација на безбедносната ситуација во северниот дел на Косово“, КФОР вчера во раните утрински часови префрлил дел од опремата и техника од својата база во селото Маѓунско во општина Вучитрн во северно Косово.

Тие потсетуваат дека утре истекнува крајниот рок за формирањето на Заедницата на српски општини.

Во Србија Советот за национална безбедност е тело на чии седници се разгледуваат прашања и се носат решенија од областа на одбраната, внатрешните работи и дејноста на службите за безбедност, состојбата на Косово, борбата против организираниот криминал, мигрантите и други бебзедносни теми.

Членови на советот се претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за правда, началникот на генералштабот на Војската на Србија и директорите на безбедоносно-разузнавачките служби – БИА, ВБА и ВОА.

Треба да знаете
Последни објави