Search

Во пожар во плевна во крушевскo, изгореле трактор, два автомобила и 600 бали тутун

Во попладневните часови на вчерашниот ден било пријавено дека во крушевско Нерово избувнал пожар во плевна сопственост на 63-годишен жител на селото.

Во пожарот изгореле околу 600 бали со тутун, седум кутии со тутун, 25 вреќи со жито, 200 бали со сено и слама. Покрај тоа делумно изгорел и трактор , авромобил „голф 2“ и автомобил „фиат пунто“, а на куќата биле испукани стакла од два прозора, при што била причинета материјална штета од околу 15 000 евра.

За два часа пожарот бил целосно изгаснат од екипи на противпожарната единица-Крушево и противпожарната единица-Кривогаштани.

Со изгореници на рацете и телото се здобиле сопственикот на плевната и неговата 35-годишна снаа, кои се обидувале да го спасат тракторот. На нив им била укажана лекарска помош во Општата болница во Прилеп, по што биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле екипи од Полициските станици Прилеп и Крушево и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави