Search

Во Бугарија запленет хероин вреден над 6 милиони евра

Во Бугарија запленет хероин вреден над 6 милиони евра

Бугарската царина заплени 191 килограм хероин во камион што во Бугарија влегол од Турција, соопштија официјалните лица.

Според проценките на надлежните, вредноста на хероинот изнесувала околу 6,3 милиони евра.

Дрогата била пронајдена во камион со турски регистерски таблички, за време на проверка во близина на турската граница. Возилото се движело кон Белгија, а дрогата била сокриена помеѓу материјал за гредежни активности.

Со камионот управувал турски државјанин, кому му се заканува казна затвор до 15 години.

Треба да знаете
Последни објави