Search

Во акција на полицијата откриени нови дилери на наркотици во полошко

 Во последните три акции на полицијата за справувањето со нелегалната продажба на наркотици во полошкиот регион, вчера и утрово од слобода се лишени четири лица, а запленета е извесна количина кокаин.

Полицијата на улицата „Злате Дамјановски“ во Гостивар, вчеравечер околу 22 часот, ги лишила од слобода А.М. (37) Скопје и А.Ј. (46) кај кои е најдено и одземено е за вештачење ќесе со кокаин.

Утрово околу 1 часот на улица „29 Ноември“ во Тетово, лишени од слобода се Ј.С. (48) и 34-годишната В.Т, двајцата од Тетово. Пред нивното лишување, В.Т. фрлила најлонско ќесе со кокаин, кое го имала кај себе.

Вчера околу 16 часот и 40 минути, на нива засадена со пченка во атарот на тетовското село Слатино, во месноста „Боре“, сопственост на 51-годишниот Б.Х. од ова село, пронајдени се 30 до 50 стабла, најверојатно марихуана, со различна големина од 30 сантиметри до два метри.

Пронајдените стебла се искорнати и подигнати за вештачење.

Изминатиов викенд поради соменине дека користеле и учествувале во нелегална трговија со наркотици приведени се двесетина лица, а само во септември вкупно 120 лица.

Полицијата заплени и поголемо количество наркотици, а една од поголемите заплени беше по акција на преминот „Стража“ кога беа откриени 22 килограми марихуана. Најчесто кај сторителите се откриваат кокаин и марихуана.

Треба да знаете
Последни објави