У.М. вчера вечерта пријавил дека го пронашол починат неговиот чичко Ј.Ј. (72) од село Шишево, чие тело било во фаза на распаѓање.

Од полицијата информираат дека извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.