Search

ВМРО-ДПМНЕ:Договорот од Преспа е мртов, нема да ги поддржиме уставните измени

Договорот од Преспа за промена на името на државата е правно – политчки мртов, оценува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи Уставните измени и затоа се откажа од понатамошна расправа во Собранието. Граѓаните јасно и недвосмислено кажаа дека референдумот е неуспешен, а договорот мртов. Јаловата дебата која што се води во Собранието е непродуктивна и претставува кршење на волјата на граѓаните. Зоран Заев и СДСМ треба да ја послушаат волјата на над 1 милион и 200 илјади граѓани кои гласаа против договорот или апстинираа и за кои не е прифатлив договорот од Преспа“, наведе ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека е време Зоран Заев да замине од власт бидејќи потрошил две години од животот на граѓаните на потпишување штетни договори, додека економијата е на работ.

Треба да знаете
Последни објави