Search

Владиката Пимен ќе гласа „за“ на референдумот

 Митрополитот Европски, Пимен, се приклучи на кампањата „Излези ЗА европска Македонија“. Во кусото видео обраќање, владиката Пимен вели дека референдумот на 30 септември е историска шанса кога одлучуваме за иднината на земјата и затоа тој ќе излезе и ќе гласа „за“.

– Во овие историски моменти за Македонија кога одлучуваме за иднината на својата земја потребно е секој секому да подаде рака, да ги надминеме сите разлики и кавги меѓу нас, и да се обединиме во идејата за европска иднина на нашата земја. Ова е истриска шанска која не смееме да ја прошпуштиме. Затоа на 30-ти ќе излезам и ќе го дадам својот глас „за“, наведува владиката Пимен во видео пораката.

За претстојниот референдум, претходно се огласи и Синодот на МПЦ-ОА. По седницата одржана на 13 септември, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, соопшти дека граѓаните на Република Македонија се политички зрели и оти на претстојниот референдум слободно по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор.

– Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на престојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор, се наведува во соопштението од Синодот на МПЦ-ОА.

Треба да знаете
Последни објави