Search

Владата сака уставните амандмани да ги дефинира заедно со опозицијата

Владата сака уставните амандмани да ги дефинира заедно со опозицијата

Владата ќе пристапи на изработка на уставните амандмани дури откако ќе заврши работата во Собранието со изгласување на потребата за нивно изготвување и најдобро е тие да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус. Ова го изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција посветена на одлуките од 95. седница на Владата.

–  Премиерот Заев е трет ден во Собранието. Сите пораки се кристално и јасно искажани од собраниската говорница. Потребно е да се изгради национален консензус бидејќи како што вели и премиерот пресериозна е работата. Амандманите ќе ги прави Владата и најдобро е да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус во духот на Договорот од Преспа, рече Бошњаковски на новинарско прашање за ставот на Владата во однос на писмото од помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија, Вес Мичел, до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и дали е можна средба Заев-Мицкоски.

Во врска со начинот на кој ќе бидат формулирани амандманите и што се ќе содржат, ќе биде познато штом ќе заврши гласањето во Собранието, рече Бошнаковски посочувајќи дека не сака да шпекулира за нивната содржина.

За писмото од Мичел до Мицкоски, владиниот портпарол рече тоа е само по себе јасно и нема што да додаде.

Треба да знаете
Последни објави