Search

Владанка Авировиќ ќе гласа „ЗА“ измени на Уставот

Владанка Авировиќ ќе гласа „ЗА“ измени на Уставот

Пратеничката од Социјалистичката партија на Македонија, Владанка Авировиќ ќе гласа за уставни измени, со цел, да се даде шанса на процесот за членство во ЕУ и НАТО, дознава „Макфакс“ од извори блиски на пратеничката.

Таа нема да се откаже од правото на дискусија во Собранието, како што тоа го направи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува во текот на денот, таа да го образложи својот став.

Синот на пратеничката, Василие Авировиќ беше осуден во случајот на СЈО под кодно име „Труст“. Тој има за одлежување казна затвор од три години, бидејќи како управител на фирмата „Силекс неметали СТ“ направил злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Во Собранието денеска продолжува расправата за уставните измени. Власта и опозицијата се со спротивставени ставови по однос на ова прашање и недостасуваат пратеници за да се изгласаат измените за кои е потребно двотретинско мнозинство.

Уставните измени се неопходен чекор за да може да се имплементира договорот со Грција, а кој предвидува промена на името на државата во Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави