Search

Викиликс: Црвените линии на Глигоров биле јазикот и идентитетот да останат македонски

Викиликс: Црвените линии на Глигоров биле јазикот и идентитетот да останат македонски

Нов документ за долгогодишниот спор со името објавува Викиликс, а го објавува грчкиот весник Та Неа. Овојпат тоа е извештајот од средбата што ја имале поранешниот претседател Киро Глигоров и американскиот амбасадор Филип Рикер, кој на 3-ти ноември 2008-ма дошол да го посети Глигоров.

Извештајот, кој го објавува Викиликс датира од 5 ноември, и е со наслов: „Глигоров бара храбро лидерство и решение на спорот за името“.

На средбата, Глигоров, иако во својата 91-ва година од животот, ја коментирал тогашната политичка ситуација во Македонија и неговите ставови за иднината. Разочаран бил од тогашната власт на која, според него, и недостига храброст што се однесува за напорите да се затвори проблемот што Грција го има со името на нашата земја. Според Глигоров, тогашната власт постојано се крие зад волјата на народот, наместо да води и да ја турка земјата кон позитивни промени.

Верува дека Македонците ќе прифатат компромис со името, но, црвените линии и за Глигоров се јазикот и идентитетот да останат македонски. Глигоров му кажал на Рикер дека Македонија мора да сфати дека не е центар во политичкиот универзум на САД, ЕУ и НАТО, и мора да прифати дека волјата што ја имаат меѓународните организации да помогнат во спорот, има свои граници, се вели во најновиот документ.

Та Неа коментира дека по се изгледа „црвените линии“ за кои инсистирал Глигоров се исполнети со Договорот од Преспа, а за кои македонската страна ниту сега не отстапила.

Треба да знаете
Последни објави