Search

Брисел ќе ги праша сите Европјани-сакате ли да го укинеме летното сметање на времето ?

Европската Комисија покрена консултации за промената на летното и зимското време , што ќе траат до 16 август.

 

Прашањето ќе биде поставено до сите граѓани на ЕУ и ќе гласи : Дали сакате да го задржите летното сметање на времето или не и дали им одговара повеќе летно или зимско сметање на времето. Консултациите на ЕК се покренати на барање на Европскиот Парламент во февруари , како и на барање на граѓаните и на неколку земји членки на ЕУ.

Во март годинава  73 проценти од Германците се изјаснија дека сакаат да се укине летното сметање на времето.

Првпат летното сметање на времето било воведено во неколку земји на западна Европа по втората светска војна за да се зачува енергија .

Сегашните Европски прописи налагаат часовниците во земјите на ЕУ да се поместат за еден час понапред секоја последна недела во март и да се вратат за еден час наназад секоја последна недела во октомври.

Треба да знаете
Последни објави