Search

Блокиран сообраќајот пред Собрание, на улицата поставени тенди и столчиња

И утрово е затворена улицата кај Собранието поради собир на помала група граѓани кои протестираат против промена на името и договорот со Грција.

 

Десетина луѓе поставија тенди и столови на улицата со што го блокираа сообраќајот. Тие неколку месеци со шатори протестираат против промена на името во тревникот спроти Собрание, поточно во Жена-парк, а денеска, како и  вчера, повторно одлучија да ги наместат тендите среде улица.

Жителите на Скопје се револтирани од секојдневното блокирање на оваа фреквентна улица. Групата што протестира во текот на изминатите денови го блокира сообраќајот и во утринските и во попладневните часови кога раздвиженоста во овој дел од градот е најголема.

Вчера пратениците во Собранието по вторпат гласаа за законот за ратификација на договорот со Грција. Законот беше изгласан со 69 гласа „за“и еден „воздржан“, а немаше „против“. Додека траеше седницата, дваесетина луѓе протестираа пред Собранието.

Треба да знаете
Последни објави