Search

Битолчанец се бори за живот, тешко повреден во сообраќајка

Битолчанец се бори за живот, тешко повреден во сообраќајка

Вчера околу 06.30 часот на крстосницата од патот Новаци-с.Ношпал и патот за с.Будаково се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.В. (33) од с.Бучин, крушевско и патничко возило „Шевролет Спарк“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.А. (69) од с.Будаково, општина Могила.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.А.. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола и по укажаната помош бил задржан на лекување и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Треба да знаете
Последни објави