Search

Акција за вдомување бездомни кучиња во Стационарот „Вардариште“

Акција за вдомување бездомни кучиња во Стационарот „Вардариште“

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден посветен на заштитата на животните – 4 октомври, ЈП „Комунална хигиена“- Скопје во периодот од 4 до 10 октомври, ќе организира отворени денови во Стационарот за бездомни животни „Вардариште“.

Во овој период, вратите на Стационарот ќе бидат отворени од 09 до 19 часот за сите љубители на животните коишто сакаат да си одберат куче за вдомување.

„Во Стационарот „Вардариште“ има 60 кучиња кои се прегледани од страна на ветеринарен доктор, не се агресивни и немаат никакви заболувања. Тие се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици. Ги повикуваме љубителите на животни коишто планираат да купат миленик, да го посетат Стационарот и да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и грижа на некое од овие кучиња. На сите заинтересирани граѓани, кучињата им се отстапуваат без паричен надоместок“, велат од „Комунална хигиена“.

Треба да знаете
Последни објави