• почетна
  • Вести
  • Свет
  • Ја шокираше Германија:Ја убил сопругата на улица во Минхен,покрај телото запалил цигара
Свет

Ја шокираше Германија:Ја убил сопругата на улица во Минхен,покрај телото запалил цигара

Деновиве во Минхен започна судењето на 44-годишниот Хрват Јосип Б. кој во ноември минатата година ѕверски ја уби својајта 43-годишна сопруга Марина Б. на улица со 16 убоди од нож.

Според обвинението, Јосип ја убил својата сопруга затоа што сакала да го напушти. Тие биле во брак од 1992-ра година и имаат три деца. Јосип имал проблем со алкохолот, а обвинителот навел дека тој често пати бил агресивен и ја тепал убиената сопруга.

Јосип пристигнал дома во алкохолизирана состојба вечерта пред Марина да го напушти. Таа сабајлето ја напуштила куќата и му оставила на Јосип пари за автобуски билет до Хрватска. Но, тој ја следел и на 150 метри од станот дошло до расправа. Марина која што работела како хигиеничарка, останала на својот став и му рекла на Јосип да се врати назад во Хрватска.

Тогаш тој извадил нож и ја избодел 16 пати на сред улица, по што и самиот се повредил. Потоа седнал и запалил цигара покрај телото на неговата сопруга и ја гледал како умира во агонија. Бил уапсен на лице место, а неговата сопруга починала во болница два часа подоцна.

Убиената жена во 2006-та се доселила во Германија за да работи, а со себе го понела еден од тројјцата синови, додека Јосип останал во Хратска. Во Минхен најпрвин живеела кај својата сестра, а се преселила во стан под ќирија. Тогаш пристигнал и нејзиниот сопруг.

Обвинителот открива дека убиената жена работела по неколку работи за финансиски да се грижи за семејството, додека убиецот од 2010-та година бил невработен. Тој тврдел дека не може да работи од здравствени причини, односно затоа што слушал гласови во својата глава.

„Еден од нив беше гласот на мојата мајка која што ме уверуваше дека сопругата ме изневерува и дека треба да ја напуштам“, изјавил на суд, а сега вели дека го слуша и гласот на неговата сопруга и знае дека не го изневерувала.

Конечната пресуда за случајот кој што ја шокираше Германија се очекува да биде донесена во ноември.

Related posts

Русите се обидуваат да одговорат на провокациите на Западот: Специјален авион го прелетал Арктикот и стигнал до САД

24info

Нов силен земјотрес регистриран на Закинтос

Valentina

Случај Скрипал: Меѓународните инспектори ја поткрепија анализата на Британија

24info