Македонија

Шиповиќ: Рангелова ми се качи на биро

Поранешниот претседател на Советот во Општина Центар, Мирослав Шиповиќ на денешното рочиште за “шамарите во Центар” рече дека на седницата која се одржувала на 10 јуни 2013 година тогашната советничка од ВМРО-ДПМНЕ, сега обвинета во случајот, Даниела Рангелова заедно со Томислав Лазаров му се качила на бирото во просторијата каде се одржувала седницата со цел да го оневозможи во работењето.

Рангелова на претходно кажаното од страна на Шиповиќ дека цело време разговарала на мобилниот телефон го запраша експретседателот на Советот како можела да го прави тоа кога од големата галама ништо не се слушало во судницата.

На ова Шиповиќ одговори дека Рангелова имала специфичен глас кој се слушал и покрај гласните граѓани кои протестирале надвор.

„Имаш некој посебен глас, јас барем секогаш те слушав кога ми велеше: ‘Претседателе, претседателе’“, ѝ рече Шиповиќ на Рангелова.

Related posts

Пред Собранието изутринава мирно, сообраќајот нормализиран

24info

Владата ги задолжи министрите да достават информации за службените трошоци направени во првите шест месеци

24news

Грчкиот суд го одби барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

24news