Магазин

Чоколаден сладолед

Подгответе вкусен чоколаден сладолед.

 

Состојки:

5 жолчки од јајца

8 лажици шеќер

1 лажица густин

1 пакетче ванилин шеќер

600 мл млеко

200 грама чоколада за готвење

250 мл слатка павлака

Подготовка:

Со миксер изматете ги жолчките, густинот и 150 мл млеко. Остатокот од млекото ставете го да се вари, заедно со шеќерот и ванилата. Откако млекото ќе зоврие, додадете ја смесата со жолчките со постојано мешање, па варете со постојано мешање, се додека смесата не ја добие потребната густина.

Откако смесата ќе ја добие потребната густина, тргнете од оган, па додадете ја чоколадата и мешајте се додека не се растопи. Кога сместа малку ќе се излади додадете ја и слатката павлака, па се добро измешајте.

Сладоледот ставете го во сад со капак за да одстои во ладилник и добро да се излади. Готовиот сладолед е послужен во посебен сад.

Related posts

Како да го препознаете недостатокот на магнезиум?

24info

Секој ден го труеме телото на овие 4 начини

24info

Домашен природен лек за проблеми со проширени вени

24info