December 11, 2018 17:06
Ракомет

(Фото) Пехарот „Струга 2018“ во рацете на Целје

Пехарот „Струга 2018“ во рацете на Целје

Целје е победник на 46.Меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“. Словенечкиот тим предводен од извонредниот Клеман Ферлин на голот во финалето ја победи Констанца со 25-24. За Словенците ова е прво учество на струшкиот турнир од кое се враќаат со победничкиот пехар. Избраниците на тренерот Бранко Тамше од сите осум учесници на годиншениот турнир беа најконстантни и најсупериорни на терен што го потврдија и во вечерашното финале.

Почетокот на натпреварот им припадна на словенечките ракометари кои стартувааа со водство од 3-0. На средината од првото полувреме, Констанца успеа да направи пресврт.

Меѓу двете екипи кои неодамна не го доиграа контролниот натпревар во Словенија, и во Струга имаше „искри на терен“ и мал прекин по кој профитираше Констанца. Избраниците на Шундовски направија серија од 4-0, девет минути го оставија Целје без погодок и поведоа со 9-12, а на одмор заминаа со предност од 11-13.

Целје одново имаше контрола на играта и на резултатот на почетокот од второто полувреме. Врзаа три гола во серија и поведоа со 14-12. И одново Констанца ја анулира негативата и сврте на 14-16. Никола Митревски на голот на романскиот тим беше на вистинското место во клучните коменти. Но, и Целје го имаше извонредниот Клемен Ферлин на голот.

Во последната четвртина од струшкото финале, Целје  потворно беше во позитова по уште една серија од 4-0 (18-16) и ја сочува предноста до крај.

Голманот Клеман Ферлин беше централната фигура во словенечкиот тим со 13 одбрани. Никола Митревски на голот на Констанца го заврши натпреварот со 12 одбрани. Даниел Душебаев постигна четири гола за Целје, а Зоран Николиќ беше прв стрелец во Констанца со шест погодоци.

Во натпреварот за 3.место Феникс Тулуз беше поуспешен од нишки Железничар со 32-24. Борбата за 5.место меѓу Алингсас и Бешикташ заврши со победа на шведскиот тим со 29-22, а во македонската пресметка за 7.место, Еурофарм Работник ја победи РК Струга со 33-26.

Признанија за најдобрите

По завршувањето на финалето беа доделени и индивидуалните признанија за најдобрите на овој турнир. Горан Кузманоски е најдобар стрелец со 27 гола за Работник, за најдобар ракометар на турнирот е избран Домен Макуч од Целје, а најдобар голман е Ферлин Клемент.

Related posts

Мундијалот е на дофат: Фуриозна Македонија – Романија на „колена“

24info

Македонија во недела против Шпанија ќе ја отвори Главната фаза на ЕП

24news

Со јунаци кои “гинат“ на терен, со предводник како неуморниот капитен Кире Лазаров оваа наша Македонија има за што да се радува и да биде горда

admin