December 11, 2018 17:49
Ракомет

(Фото) Вардар го освои ракометниот Супер куп во Струга

Вардар го освои ракометниот Супер куп во Струга

Актуелниот првак на Македонија тимот на Вардар го освои првиот пехар во новата сезона. Во рамките на Супер купот што се одигра во Струга „вардарци“ го совладаа Металург со 33:24 (16:10).

Натпреварот беше изедначен само до 4:4 и потоа Вардар почна да создава предност. Во неколку наврати Вардар имаше водство од 9 голови, додека највиската предност од 10 разлика (33:23)ја имаше во финишот на дуелот

Тимур Дибиров со 8 голови беше најефикасен кај Вардар, додека кај Металург по 4 голови постигнаа: Халил Јагањац, Димитар Димитриоски, Марио Танкоски и Филип Кузмановски.

Првото коло од машката ракометна лига стартува на 16.септември, додека Вардар и Металург во рамките на СЕХА лигата во 1.коло ќе играат на 29.август.

Related posts

ЕП Хрватска: Сепак сме браќа, Србин и Хрват во прегратка

24news

Хрватска ја декласира Србија на стартот од ЕП

24news

ЕП – Хрватска 2018: Македонија против Словенија

24news