December 17, 2018 21:00
Живот

Физичка активност која сите можеме да ја применуваме

Колку повеќе пешачиме, толку повеќе калории трошиме. Притоа, оваа физичка активност доведува до зголемување на мускулната маса, а мускулното ткиво троши 25 пати повеќе калории од масното.

Најдобра и наједноставна реакција која придонесува за намалување на килограмите е брзото одење.

Причината лежи во тоа што оваа умерена физичка активност не го исцрпува организмот, па може да се пешачи и подолго од половина час.

Важно е да се знае дека за слабеењето не е значаен напорниот тренинг, туку неговата редовност и траење.

Покрај брзо одење, од големо значење за што повидливи резултати од слабеењето можат да бидат ефикасни и вежбите за намалување на обемот на бутот.

Предложениот сет на вежби можете да го применувате после шетање.

Трчање во место

Трчајте во место така што ќе почнете со полесно темпо, а потоа ќе забрзувате. Додека трчате обидете се да ги подигате колената што повеќе. Трчајте цела минута.

Шут наназад

Наизменично шутирајте замислена топка, но не кон напред туку зад себе. И оваа вежбате правете ја една минута.

Исчекор

Наизменично правете исчекор со десната, па со левата нога и спуштате се на подлога, така што ќе направите агол од 90 степени. И оваа вежба правете ја една минута.

Related posts

Видео од кое ќе ви се заледи крвта – Му падна камерата во гнездо со ѕвечарки

24news

Моќта на подземните води е страшна, проверете пред да купувате стан или куќа

24news

Тестот е краток а открива многу за вас, што гледате на оваа слика?

24news