December 10, 2018 23:20
Македонија

Судење против Мијалков и Тачи за нарачување гласови во ДИК

Судење против Мијалков и Тачи за нарачување гласови во ДИК

Во Кривичниот суд продолжува судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство, „Титаник 2“.

Предметот се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, а обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Судијата Огнен Ставрев на минатото рочиште го прифати барањето на одбраната за одложување и ново судење закажа за денеска, со цел да можат да го разгледаат прочистениот текст на обвинението што им го подели обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи. Во прочистениот текст го нема делот за петмината судии од Управен суд, за кој Судот не го прифати обвинителниот акт поднесен од СЈО.

Според „бомбите“ што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори.

Related posts

Заев-Церар: Поддршка од Словенија за Договорот од Преспа и за членството во ЕУ и НАТО

24news

Од полноќ повисока цена на бензинот и дизелот

24info

Македонските маркички на српското брашно го донесоа Љаиќ во Скопје

24info