December 17, 2018 06:33
Хроника

Стружанка доби кривична пријава за крадење пари и напуштање на децата

 Жителка на струшкото село Шум доби кривична пријава од надворешната канцеларија за криминалистички работи – Струга за „запуштање и малтретирање на дете“ и „кражба“.

СВР Охрид денеска соопшти дека 29-годишната А.А. на 30 септември го напуштила сопругот, семејниот дом и трите малолетни деца.

Претходниот ден, како што е наведено во соопштението, пријавената, во куќата на нејзиниот свекор Ф.А. кој живее во соседното село Заграчани, извршила кражба на пет илјади евра и златни предмети.

Related posts

ВНИМАВАЈТЕ: Манјак напаѓа жени во Карпош

24news

Приведени тројца нарко-дилери

24news

Филмска кражба на Бензиска во Скопје, влегле со калашников и ги однел парите

24news