November 18, 2018 19:57
Македонија

Скопјани се жалат – расте бројот на кучиња скитници по улици

Расте бројот на кучиња скитници на скопските улици. Во Скопје има и до 8 илјади бездомни кучиња, а тој број е зголемен за уште седумстотини нови летово.

Од здруженијата за заштита на животните го обвинија градоначалникот дека е глув на нивните повици за дискусија за да се изнајде правилна политика на градот за справување со бездомните кучиња по улиците.

Скопјани се жалат. Велат им пречи миризбата која што се создава во центарот на градот од кучињата скитници, кои понекогаш напаѓаат. Бараат градот да ги згрижи бездомните животни.

Related posts

Не видов полицаец додека тепаа пратениците во Собранието, сведочеше низ солзи новинарка

24news

Средбата траеше 2 минути, Иванов ќе има обраќање, информира Кабинетот на претседателот

24info

Светска банка со позитивни прогнози за Македонија

24info