January 16, 2019 00:58
Македонија

СДСМ: 11 години ВМРО-ДПМНЕ лажеше за наводен економски раст

Единаесетгодишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави долгорочни штети врз економијата и врз квалитетот на живот на граѓаните, обвинува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Преку соопштение од СДСМ велат дека само во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, економијата забележала пад од 1,3 отсто.

„По формирањето на Владата предводена од СДСМ, за нешто помалку од една година, преку успешните економски политики во вториот квартал од 2018 година, Бруто домашниот производ бележи раст од 3.1 отсто. Економските политики на Владата предводена од СДСМ ја стабилизираат и придвижуваат економијата, а како што Македонија се доближува до ЕУ и НАТО така расте и економијата. Наместо вештачко билдање на бројките и веселите математики со кои ВМРО ДПМНЕ 11 години ја уништуваше економијата и ги лажеше граѓаните за некаков наводен раст денеска имаме реален економски раст кој се темели на здрави основи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Владејачката партија во таа насока додава дека расте извозот, зголемена е инвестициската активност на компаниите, забележани се рекордни износи на странски инвестиции, повисоки плати, како и раст на индустриското производство.

Related posts

Димитров: Добив уверување од Катругалос дека грчката Влада останува посветена на Преспанскиот договор

24news

И вечерва протест против Договорот за името пред Собранието

24news

Мицкоски до Заев: Не ги слушај тие што те тапшаат, те лажат!

Igor