December 17, 2018 20:37
Македонија

СДСМ: Економијата расте,ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сноси вината aко не се реализираат проценките

По формирањето на Владата предводена од СДСМ, за краток период, успешните економски политики доведоа до тоа во вториот квартал од 2018 година, економијата, односно Бруто домашниот производ забележа раст од 3.1 отсто, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„За споредба, само во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, економијата забележа пад од – 1.3 отсто. Со реални и одржливи економски политики на Владата предводена од СДСМ и враќањето на земјава на евро-интеграцискиот пат, во Македонија има раст на економијата но и на инвестициите. Имаме рекордни износи на странски инвестиции од 327 милиони евра во првото полугодие од годинава. Растат странските инвестиции но расте и извозот, зголемена е инвестициската активност на компаниите, платите се зголемуваат, расте индустриското производство, се зголемува бројот на работници во индустријата, државниот долг што го остави ВМРО ДПМНЕ е намален“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Од владејачката партија додаваат дека во целиот овој период раководството на ВМРO-ДПМНЕ се профилира како кочничар на економијата и блокатор на иднината на државата, на членството во НАТО и ЕУ, раководството на ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од СДСМ, ќе ја сноси вината доколку се реализираат проценките на ММФ и Светска банка за намалување на проектираниот економски раст за годинава.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се откажат од деструктивното однесување на раководството на оваа партија, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат изгласани, се посочува во соопштението на СДСМ.

Related posts

Денот на независност ќе се слави на платото пред Влада

24info

Совети за безбедно патување во лето

24news

Анѓушев: Над 40 милиони евра за поддршка на компаниите 

Valentina