Македонија

СДСМ: Време е пратениците да ги поддржат процесите во Собранието

Граѓаните го кажаа својот став. Осумдесет отсто од сите граѓани и над 90 отсто од оние кои гласаа на реферндумот, јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО, вели Социјалдемократскиот сојуз преку соопштение испратено до јавноста.

„Процесот продолжува понатаму, сега е време пратениците да ја оправдаат довербата која им е дадена токму од граѓаните и одговорноста да ја испочитуваат нивната волја, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени“, наведе СДСМ во соопштението.

Од владејачката партија го повторија ставот дека со предлог измените се потврдува оти идентитетот, јазикот и македонската посебност се загарантирани и трајно заштитени. Со уставните измени не се губи ништо, туку напротив, се обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со зајакнат македонски идентитет кој конечно станува признаен од целиот свет.

Време е сите пратеници кои се за НАТО и ЕУ вклучително и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, порачува Социјалдемократскиот сојуз, да не подлегнуваат на притисоци и да гласаат по сопствено убедување, водејќи се и од одговорноста на пратеници избрани од граѓаните да ја испочитуваат мнозинската волја на граѓаните, кои се за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и загарнтиран македонски идентитет.

Related posts

Се најавува пороен дожд попладнево

24info

Денес почнува новата учебна година

24news

Природен лек од вашата кујна: Сируп од ловоров лист кој ја спречува и најупорната кашлица

24info