Ракомет

РК Бутел го доби заслужениот пехар, идната сезона игра во Суперлигата

РК Бутел го доби заслужениот пехар, идната сезона игра во Суперлигата

Тимот на Бутел Скопје уште минатиот викенд го потврди пласманот во Суперлигата, а на домашниот натпревар против Партизан Гевгелија, славеше со убедливи 51-27 и ги доби заслужените медали и пехарот од страна на Ракометната федерација на Македонија.

Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски му го додели пехарот на капитенот Горан Печенковски и нему и на соиграчите им посака добредојде во елитното ракометно друштво во Македонија. Амбициозниот проект, догодина се очекува да игра важна улога во Суперлигата и да се бори за пласман во плеј-офот.

На едно коло до крајот на Првата лига, Бутел има 24 победи и само еден пораз, а последниот меч против Спартак ќе биде ревијален.

Related posts

Стоилов: Против Германија не очекува многу борба

admin

Репрезентација на Македонија отпатува за Загреб

24news

Вардар гази се пред себе во Лигата на шампионите

24news