December 11, 2018 17:06
Магазин

Рецепт за најдобриот турски колач со слатко-киселкаст вкус

Направете вкусен турски колач со кора од лимон. Киселкаст и сладок вкус истовремено.

СОСТОЈКИ:

3 јајца

1 шолја масло

1 шолја кисело млеко

1 шолја млеко

малку сол

1 ½ шолји шеќер

3 шолји брашно

1 кесе ванила

1 кесе прашок за пециво

1 кора од лимон

ПОДГОТОВКА:

Се матат јајцата со мискер и се става малку сол, па по пет минути матење се додава шеќер и се мати уште 5 минути.

Се додава потоа и масло со кисело млеко и млеко.

Се мешаат ванилата и прашок за пециво, се додава брашно и се ставаат во смесата.

Се меша и се ренда кора од лимон.

Се става во плех за куглоф и се пече на загреана рерна на 180 степени.

Првите 20 минути никако не ја отварајте рерната.

Related posts

Овие работи привлекуваат лоша енергија и не ви се потребни во домот

24info

Шест најлоши работи кои можете да ги направите после јадење

24info

Од 16 до 17 ноември во Капитол мол нѐ очекуваат денови посветени на нега на кожата

Igor